Зоран Заев @zoranzaev
18 Posts
45k Followers
123 Following
Официјален Инстаграм профил - Премиер на РСМ и претседател на СДСМ 🇲🇰 Official Instagram account - Prime Minister of RNM and President of SDUM
18 Posts
45k Followers
123 Following
Официјален Инстаграм профил - Премиер на РСМ и претседател на СДСМ 🇲🇰 Official Instagram account - Prime Minister of RNM and President of SDUM
Постигнато е рекордно зголемување на платите на здравствените работници и соработници, од февруари 2020 година. Со сите други зголемувања од 2018 година, па наваму, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, а на медицинските сестри меѓу 20 и 23%. Грижата за пациентите и мотивацијата на медицинскиот персонал на прво место!
238 1
Гасифицирање на системот за греење на КПУ Затвор Скопје е од големо значење за намалување на аерозагадувањето. КПУ Затвор Скопје сега користи екстра лесно масло за затоплување чија котлара е во населено градско подрачје.
294 2
Чест ми е што вечерва ја посетив ликовната изложба на кумановски уметници по повод одбележувањето 75 години од ослободувањето на градот Куманово од окупацијата во Втората светска војна и уште еден значаен јубилеј за градот - 500 години од неговото постоење. Како Влада даваме огромна поддршка на Куманово и неговите граѓани. Правиме сè, Куманово да биде град на можности, град од кои младите нема да се иселуваат, туку тука ќе ја развиваат својата кариера и својата иднина.
1k 1
🇲🇰 🇷🇸 🇦🇱 со иницијативата за соработка ги поканија останатите земји од Западен Балкан да се приклучат - за движење на граѓаните само со лични карти, за брзи траки за камионите на граничните премини, за признаени факултетски дипломи на нашите студенти! Брзата и лесна мобилност на луѓе, стоки, капитал и услуги е услов за економски раст. Уверен сум дека овие напори се во поддршка на нашите амбиции за членството во ЕУ. Оваа иницијатива и конкретните мерки и резултати ќе предизвикаат позитивно внимание и во Европската Унија и кај секоја од земјите членки. Оваа иницијатива ќе нè факторизира како регион, и ќе ја факторизира секоја земја од Западен Балкан уште повеќе во процесот за членство во ЕУ.
1k 5
Денешната средба со лидерите на Западен Балкан е доказ за еден модерен Балкан, Балкан на 21 век, каде што граѓаните од целиот регион ги бараат сите можни начини да ја унапредат соработката, со цел да се овозможат подобри услови за идните генерации и да ги мотивираме младите да останат овде.
1k 10
Го започнавме состанокот со лидерите на Западен Балкан, со цел подобрување на регионалната соработка и остварување на заедничката цел - членство во ЕУ. Од Охрид, сите присутни испраќаме јасна порака дека преку заедничка координација и активности практикуваме европски манири - дома, зајакнувајќи ги европските вредности и градиме Балкан за 21 век. Регион на стабилност и просперитет.
1k 15
Постигнат историски договор помеѓу МОН и СОНК! Наставниците добиваат дополнителни 10% покачување на платата од jануари 2020. Тоа значи вкупно покачување на платите на просветните работници од над 20%. Најважно е за децата и за образованието да се грижат мотивирани наставници. Се грижиме!
844 9
Големата количина опасно и застарено ракетно гориво за градобијни ракети се отстранети од територијата на нашата држава! Лоцирано беше помеѓу Ново Село и Волково, во Скопје, што неколку години претставуваше едно од најголемите загадувачки жаришта и опасност за животната средина, безбедноста и за здравјето на граѓаните. Владата на Република Северна Македонија првенствено се грижи за здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина.
450 8